Вардар е неприкосновен во СЕХА Газпром лигата со осум победи на исто толку средби сезонава и со серија од 14 натпревари по ред на кои триумфира. Таа доминација секогаш се преточува и со избор на некој ракометар, и нормално на тренерот Раул Гонзалес кога се прави кои го одбележале месецот што изминал.
Овојпат на листата во СЕХА Газпром лигата се најдоа Раул Гонзалес и пивотменот Михајло Марсениќ. Во нивно друштво се:
Алјаз Пањтар - голман (Целје)
Нико Медвед - лево крило Горење)
Бруно Буторац - десно крило (Татран)
Стипе Мандалиниќ - лев бек (ППД Загреб
Саша Баришиќ-Јаман - среден бек (Нексе)
Жарко Марковиќ - десен бек (ППД Загреб).