Вардар до крајот на годинава има уште три натпревари за играње, сите во регионалната СЕХА лига. Двапати ќе биде домаќин, а првиот од тие две средби е против Војводина утре, вторник во 17,30 часот.

Нашите момци се лидери во регионалното натпреварување со 8 победи сезонава по ред и 14 вкупно во СЕХА лигата. Ова е последниот меч од првиот дел на СЕХА лигата, во конкуренција на 10 екипи.

Раул Гонзалес - тренер на Вардар „Ние завршивме со обврските во лигата на шампиони, и останува да се фокусираме на СЕХА лигата. Остануваат уште три натпревари и мислам дека сме во добра ситуација. Први сме, немаме притисок и треба да уживаме и да играме како против Нексе. Очекувам дека и играчите едвај чекаат, бидејќи кога победуваш е полесно. Имаме тренинг и после ќе решиме кој ќе игра. Сигурно дека некои од помладите ќе добијат шанса да играат против Војводина.

Мијајло Марсениќ - играч на Вардар „После одличните резултати во ЛШ, сега е време за СЕХА. Ние сме фаворити против Војводина и треба да се однесуваме како шампиони на секој меч, без разлика на ривалот. Треба секој меч да одиме на победа. Се надевам дека од почеток ќе направиме добра разлика за да биде полесно, и да се спремиме за другите натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 19:21