Пивотменот на Вардар Мијајло Марсениќ по завршувањето на сезоната ќе ги напушти „црвено-црните“ и кариерата ќе ја продолжи во Фуксе Берлин.
Бундеслигашот денеска го потврди ангажманот на Марсениќ и го претстави како големо засилување.
Марсениќ е четвртиот ракометар од актуелниот состав на Вардар кој го потврди своето заминување. Во новата сезона, актуелниот европски шампион ќе биде и без голманот Арпад Штербик, Илија Абутовиќ, како и без централниот бек Лука Циндриќ.
Вардар ќе се раздели и со тренерот Раул Гонзалес кој во иднина ќе биде нов предводник на ПСЖ.