Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Сонот за крвта и душата” во режија на Игор Алексов, a по сценарио на Александар Русјаков.
Филмот е во продукција на „Квазар филм“. Снимањето ќе трае седум дена и ќе се одвива на повеќе локации во Скопје.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јордан Симонив, Нина Деан и Ана Стојановска. Директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценографијата ја изработи Влатко Зафирковски, костимите се на Раде Василев, а маската е на Горан Игњатовски.