Селекторот се реши во националниот тим да ги повика ракометарите кои го сочинуваа костурот на екипата во текот на квалификациите, а и биле дел од репрезентацијата која во изминативе години е постојано дел од големите натпреварувања.
Покрај најискусните во составот се и неколку талентирани играчи како Мартин Серафимов и Марио Танкоски кои во текот на подготовките ќе имаат можност да работат со најдобрите.
Точниот датум на стартот на подготовките се уште не одреден, а според календарот на натпреварувањата во националните шампионати каде настапуваат нашите интернационалци, селекторот комплетниот тим на располагање ќе го има на 26 декември.
Во текот на подготовките македонската репрезентација ќе одигра контролни мечеви со селекциите на Саудиска Арабија и Србија, а натпреварите ќе се играат на четврти и петти јануари следната година.
Европското првенство во Хрватска ќе се одржи од 12 до 18 следниот месец, а Македонија е во група со Германија, Словенија и Црна Гора.
Пласман во следната фаза од континенталниот шампионат ќе обезбедат трите првопласирани селекции од групата.
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски