За време на посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Атина, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека е важно да се прошират каналите на комуникација со Труција.

– Минуваме низ критичен период во нашиот регион. Период на тензии во европско-турските односи, период на проблематичната случувања во регионот, на Блискиот Исток и во Европа, изјави Ципрас на заедничката прес-конференција со Ердоган.

Тој додаде дека сега е поважно од кога и да е да се подобрат каналите на комуникација и дека тоа може да се направи само врз основа на взаемно почитување.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 03:19