Денеска во Белград ќе се оствари средба помеѓу премиерите на Грција, Бугарија и Романија со српскиот претседател Александар Вучиќ во рамките на Високиот совет за соработка меѓу четирите држави.

Ципрас, Борисов и Тудосе со Вучиќ ќе разговараат за заедничките проекти, економската соработка и европската перспектива на Србија, имајќи го во предвид претстојното претседавање на Бугарија со ЕУ.

На овој состанокот најмногу внимание ќе се посвети на енергетската безбедност, унапредување на соработката за сообраќајното, инфраструктурното и енергетското поврзување, како клучни чинители за привлекување на инвестиции и забрзан економски развој на регионот.

Вучиќ најави дека овој состанок е важен за политичката, воената и енергетската безбедност на регионот, а тој е договорен за време на претходната средба на четворицата лидери во октомври во Варна.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 22:44