Премиерот на Бугарија Бојко Борисов истакна дека прашањето за името меѓу Македонија и Грија мора да биде решено и кажа дека мора да се обединат сите и да помогнат на Европската комисија и на Брисел да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат ултиматуми.

Тој ова го истакна денеска во Белград по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Грција, Алексис Ципрас и на Романија, Михај Тудосе.

– Ние сакаме да ја одработиме својата задача и дури тогаш да посочиме што предлагаме, а на нив е да одлучат дали го прифаќаат тоа или не, истакна Борисов.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 22:49