Во периодот од 7. до 9. декември непознат сторител извршил кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали во Градскиот трговски центар во Скопје.

Крадецот одзел 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“ и девет ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и воздушна пушка „Диана Класик“ по што го напуштл местото на настанот. ТОј се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР-Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 02:00