Шампионот на СЕХА лигата Вардар на вчерашниот дуел со вицепрвакот на Македонија Металург 40-тина минути беше во негатива, но сепак избраниците на тренерот Раул Гонзалез стигнаа до 10.та победа сезонава во ова натпреварување.
– Металург одигра добар натпревар, особено во првото полувреме. Во вториот дел ние бевме многу подобри од противникот и тим кој играше во Лигата на шампионите, пред се поради подобрата кондициска подготвеност. Тие беа уморни во финишот, но мора да признаеме дека одиграа добар натпревар, изјави тренерот на Вардар Раул Гонзалез.
За ракометарите на Вардар од СЕХА лигата останува уште само еден натпревар, гостувањето во Горење в среда (13.декември).