Загреб денеска е блокиран поради одржување комеморација за Слободан Праљак, осуден во Хаг за воени злосторства во Босна и Херцеговина.

Комеморацијата ќе биде одржана во салата „Лисински“, по што ќе се одржи миса во црквата на Свети Мати Слобода во Јарун.

Toj во своето проштало писмо напиша дека не сака погреб туку неговата пепел да биде расфрлана по гробиштата во Мирогољ.

Бидејќи се очекува голем метеж, загрепската полиција презеде посебни мерки за безбедност и за организација на сообраќајот на сите учесници во овој настан.

Како што е соопштено, многу улици ќе бидат затворени за сообраќај, освен за автобусите кои ги превезуваат учесниците на комеморацијата.

Генералот Праљак изврши самоубиство во судницата на Хашкиот трибунал со испивање отров, откако му беше потврдена затворска казна од 20 години за воени злосторства



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2017 13:04