Делови на Босна и Херцеговина од синоќа се зафатени со снежна бура и силен ветер, кои предизвикаа голема материјална штета.
Од јачината на ветрот искорнати се дрвја, кровови на куќи и згради.
Се уште нема информации за повредени лица, а според податоците на Цивилната заштита на Република Српска, 318 објекти претрпеле материјална штета.
Пожарникарите имале 31 интервенција. Некои од населбите во Бања Лука останаа без струја.
Проблеми има и во Зеничко-добојскиот кантон на БиХ, каде што е урнато минарето на познатата Чаршиска џамија. Полицијата соопшти дека никој не е повреден при уривањето на минарето и додаде дека е причинета материјална штета на тој верски објект и на неколку други во близина.