Она што веќе долго време му се случува на Прилеп е недостигот на алтернативна културна програма.

Локалите кои работеа со ваква програма моментално се во некое затишје и чекаат на новогодишните празници да ги наполнат нивните локали. Интересот за организирање на добри настани опадна и кај тие кои се обидуваа да го направат тоа,бидејќи не секој знае да ја почитува нивната организацијата и да плати бар 100денари влез. Најчесто промотерите влегуваат во загуба, а тие што не сакаат да платат влезница, продолжуваат да кукаат дека ништо ново не се случува во ноќниот живот.

Промотерската асоцијација Room 313, која има за цел да ја промовира квалитетната електронска музика, дојде до идеја како би го решила овој проблем. Модерниот звук кој го презентираат си носи и свој стил на облекување, кој најдобро го истакнува специфичниот бутик CORRIDOR 67, сместен во строгиот центар на градот.

Во размислување како музиката и модата би ја споиле, доаѓаат до идеја за соработка.

CORRIDOR 67 откупува 100 влезници од ROOM 313 и ги подарува гратис за секој што ќе побара во самиот бутик. На овој начин промоција добива CORRIDOR 67, ROOM 313 има загарантирани 100 влезници со кои ги подмируваат основните трошоци на настанот и на крај има гратиси за сите заинтересирани на овој тип на настани.

Првиот настан кој е во соработка на ROOM313 и CORRIDOR 67 е на 16.12 во COFFEE HOUSE, Прилеп. Со ДЏ сетови настапуваат MITRIK и DEJAN DEX. За звукот, светлото, визуелизациите и дим ефектите ќе се погрижи CLS EQUIPMENT.

Линк до настанот

Посететего бутик CORRIDOR 67, земете гратис влезница и се гледаме на журка.

Дизајн на постер: Илија Димкоски



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2017 01:31