Златна бубамара ги започна подготовките за најновото издание на најпопуларното и најочекувано музичко-сатирично шоу.
Во продолжение интегрално соопштение:
Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува – добра забава!
Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!
Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!
ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ, ЧАКАМ ТЕ СОС БУЈНА СТРАСТ – Нова власт, со иста сласт
Златна Бубамара ќе се оддржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан.
Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!!
Музичкиот спектакл ќе се оддржи на 24.февруари, а традиционално – сценариото, наградените и учесниците се наше дискреционо право.
Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 20 декември преку МКТИКЕТС.
Минатата година беше срушен рекордот во он лајн продажба кога за само 5 минути имаше барање за купување 12 000 билети, билетите беа продадени за рекордни 5 минути-оваа година нека се продадат за 2.