Грција, Македонија и Србија сакаат да изградат пловен канал што ќе ја поврзува реката Дунав со Егејското и Средоземното Море, кој според грчкиот премиер Алексис Ципрас „би можел да ја промени географијата на Балканот“, наведува германскиот магазин „Велт“.

Весникот го оценува проектот како „сензационален” и истакнува дека се бараат инвеститори, кои ќе ги преземат високите трошоци за изградба на пловниот коридор чија цел е поврзување на реките Дунав, Морава и Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 15:37