Хаос владее на улиците во Атина, предизвикан од генералниот штрајк на кој повикаа синдикатите против економските мерки и реформите во секторот труд и социјала, јавуваат грчки медиуми.

Од утрото движењето по улиците на Атина е исклучително тешко – во штрајкот се и вработените во градскиот транспорт. Возови не се движат, бидејќи железничарите штрајкуваат против приватизација на секторот.

Откажани се и летови, додека бродовите се во пристаништата.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 15:39