Првиот човек на албанскиот Парламент, Грамоз Ручи ја прекина денешната парламентарна седница по жестоките реплики и навреди, особено меѓу актуелниот премиер Еди Рама, поранешниот претседател на Албанија, Сали Бериша и пратеникот Фљамур Нока.
По дискусијата на Бериша полна со тешки обвинувања искажани за поранешниот министер за внтарешни работи Саимир Тахири за вмешаност во трговија со дрога, Рама со остар тон и навредливи зборови му се обрати на поранешниот претседател.
Токму зборот „лазоре“, со кој Рама го именуваше Бериша, ја прелеа чашата и ја зовре атмосферата во Парламентот, по што пратеникот Нока упати пцовки и навреди кон премиерот и се обиде да го спречи неговото обраќање, поради што интервенраше и обезбедувањето и го отстрани од собраниската сала.
Зборот „лазоре“ означува запуштена жена, која не се бања, не се чешла и лошо се облекува.
Инаку, расправата во Парламентот беше посветена на поплавите што ја погодија земјата на почетокот на месецов, но таа излезе од контрола.