Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез, денес го објави списокот на ракометари повикани за првиот собир од подготовките за Европското првенство во Хрватска 2018 година.
На списокот на Гонзалез се наоѓаат следниве играчи: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.
Првиот собир е закажан за 25 декември 2017 во Скопје, а една седмица претходно (18 декември) закажани се воведните подготовки на кои ќе се работи на индивидуален план со помал број на играчи.