– Светиот синод на Грчката православна црква, на состанокот одржан во четвртокот, ја разгледал одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) да преземе улога на мајка црква на „расколничката црква на Македонија“, соопшти грчкиот православен сајт romfea.gr.

Светиот синод на ГПЦ, како што стои, навел дека „одлуката на црквата на Бугарија претставува мешање во надлежностите на друга црква, што е спротивно на светите правила и канонското право и игнорирање на улогата на Вселенската патријаршија“.


Синодот на Грчката православна црква со реакција на одлуката на БПЦ

– Светиот Синод е загрижен за фактот што БПЦ со нејзините активности се меша во надлежностите на друга правослвна црква, односно во Црквата на Србија, постапка која е спротивна на светите правила и традицијата на црквата. Светиот Синод посакува да преовлада претпазливост и одлуката на бугарската сестринска црква да не биде конечно спроведена, соопштуваат од Светиот синод на ГПЦ, наведува romfea.gr.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2017 01:03