Грчката полиција уапсила деветмина турски левичари кои планирале атентат врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата посета на Грција, соопштија грчките медиуми.

Тие припаѓале на Револуционерниот народен фронт (ДХКП-Ц), турска комунистичка група, која што е прогласена за терористичка поради нејзните напади врз турските безбедносни сили и западните дипломати во Турција.

Групата подготвувала напад со ракетни фрлачи, рачни гранати и запаливи бомби. Како што објавија грчките медиуми, планирале да стрелаат врз возилото на Ердоган при неговото движење кон Атина, а оружјето било пронајдено закопано во планина источно од Атина.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2017 13:26