Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Москва се сретна со рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, до кого разговараше за стратешкото партнерство на двете земји, енергетиката, поддршката на Русија во однос на прашањето за Косово, ситуацијата во регионот, како и за економската соработка.

– Сакаме постоечката соработка во енергетиката, земјоделството, телекомункацииите и другите области да ја унапредиме и зајакнеме, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател исто така, се заблагодари и за цврстата поддршка од страна на Русија за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, наведувајќи дека Белград е цврсто опредлен за понатамошен развој на политичките односи со Русија врз темели на стратешко партнерство и подготвеност на двете страни за нивно продлабочување во сите области.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 01:15