Емил Олденберг, ко-основач на страната Bitcoin.com, ги продаде сите свои биткоини и ги нарече „бескорисни“.

Олденберг, шеф на технологија на сајтот Bitcoin.com изјави дека станува збор за „најризичната инвестиција во која може да влезете“, пренесува Unlaid повикувајќи се на шведскиот сајт Breakit.

Ко-основачот на Bitcoin.com за Breakit откри зошто повеќе не верува во таа криптовалута.

„Станува збор за екстремно висок ризик. Ги продадов сите свои биткоини и се префрлив на биткоин кеш (bitcoin cash). Префрлањето на биткоините на берзите и обратно чини многу. Кога ги продадов своите биткоини, морав да платам 50 американски долари и да чекам 12 часа за да се изврши трансакцијата“, вели Олденберг.

Тој открива дека Bitcoin.com „престана да развива нови услуги за старата биткоин мрежа“ и сега таа страница првенствено е фокусирана на биткоин кеш, криптовалута која беше иницирана во август.

„Старата биткоин мрежа е речиси бескорисна. Решенија гледам во биткоин кеш, а во тоа лежи иднината“, вели Олденберг.

Тој тврди дека високите трансакции и застојот во трансакциите се главните причини поради кои кренал раце од битконот. Во само 12 месеци, вредноста на биткоинот од 1.000 долари се искачи на вртоглави речиси 20.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 21:31