Пред почетокот на денешната собраниска седница, на која треба да се разгледува Дополнетниот предлог на буџет за 2018 година, беа констатирани оставките на праетниците Стево Пендаровски и Васко Ковачески и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски.
По констатирањето на оставките, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата до 13:30 часот до кога Државната изборна комисија треба да достави известување на кои пратеници следни на изборните листи ќе им биде верификуван мандатот.
На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата.