Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТВ Пинк изјави дека Србија ќе побара во преговорите со Приштина-која инсистира на учеството на САД, да се вклучи и Русија која не ја признава независноста на Косово.
– Разговарав со Путин и тој потврди дека по потреба ќе учествува во разговорите. Србија нуди компромис, оди колку што е можно објективно и неутрално – рече Вучиќ, додавајќи дека „Албанците не прават ништо самостојно и дека тие не носат одлуки“.
– Со Путин зборувавме сами, во четири очи. Разговаравме за теми поврзани со Србија, но и за состојбата во регионот, за зачувување на мирот и стабилноста, на КиМ и сè што реков е апсолутна вистина-изјави Вучиќ во интервјуто за РТВ Пинк.
Тој изјави и дека не постои рационална причина зошто Србија би и наметнала санкции на Русија и повтори дека додека е тој претседател до тоа нема да дојде.