Room 313 со ново издание на уште една клупска вечер во Прилеп.
Концептот "Митрик + гостин", овој пат на ден пред Нова година, со што слободно имаат право да кажат дека ја имаат новогодишната вечер, пред таа реално да дојде.
Гостин на вечерта е човек кој што само со својата појава, харизма и позитивна енергија може да ја разбуди вашата насмевка и среќа, а неговит префинет избор на плочи ќе го размрда секој дел од вашето тело.
На 30.12 [Сабота], гостин на Митрик е едната половина на Мозаик Колектиф, Иван Сарамандов - Фирма
Накратко за Мозаик Колектиф*
Електронско дуо кое го сочинуваат Иван Сарамандов и Дени Трајков. Живеат и работат во Гевгелија, патуваат и пуштаат музика ширум Македонија и Европа. Домаќини се на техно настани кои се организираат на "бел рај"/ Гевгелија. Имаат доста изданија и настапи позади нив, оние кои би ги издвоиле и за кои сеуште се зборува, се:
- винилното издание "Raw Disko State" за италијанскиот лејбл "Sabotage Records"
-техно журката која ја организираа на "бел рај" со гостување на Artefakt
-нивниот тејковер на LakeAwake Stage на ДФестивал , Дојран
За звукот, визуелизациите, светлосните и дим ефекти ќе се погрижат CLS Logistic.
Журката започнува во 22 часот, а ќе трае до 3 по полноќ. Влезот е 100 денари.
Линк до настанот
Повеќе информации за Room 313