Медиумите лажат дека имам најлош рејтинг од сите американски претседатели, обвини актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Во анкетата која што ја објави „Фокс њуз“, 46 отсто од испитаниците ја одобруваат политиката на Трамп, додека 53 отсто се против. На крајот на првата година од претседателствувањето на Барак Обама, според истата анкета, 47 отсто од испитаниците беа поддржувачи на политиките на Обама, додека 52 беа против.
– Лажните вести сакаат да кажуваат за мојот така наречен низок рејтинг, Фокс и пријателите наведуваат дека мојот рејтинг на 28 декември 2017 година бил сличен како на претседателот Обама на 28 декември 2009 година, кој беше 47 отсто… и тоа и покрај негативните извештаи за Трамп, наведе Трамп.
Според сајтот „Рилклирполитикс“ (RealClearPolitics), кој ги следи анкетите на повеќе од 10 агенции за испитување на јавното мислење, работата на Трамп ја поддржуваат 39,4 отсто од испитаниците, а 56,3 отсто се против.