Бугарија презема за првпат шестмесечно претседавање со Европската унија.

Се очекува фокусот на бугарското претседателство да биде врз политиката за миграциска реформа и други проблеми.Во декември лани лидерите на ЕУ се обврзаа да постигнат компромисен договор за реформа на европскиот систем за давање азил.

Бугарија ќе има за цел да ги подобри преспективите за членство во ЕУ на држави од Западен Балкан.

Се очекува на 17 мај во Софија да се одржи средба на високо ниво меѓу лидери на ЕУ и нивни колеги од регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 19:27