Претседателот на грчката партија „Сојуз на централисти“, Василис Левендис, побарал од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, да биде внимателен „да не му се даде на Скопје името Македонија“.
– Внимавајте, можеби за време на вашиот мандат, ќе се даде името Македонија на Скопје и тоа за вас ќе остави полош белег од договорите во Лондон и Цирих за кипарското прашање, му рекол лидерот на „Сојуз на централисти“ на грчкиот претседател, според АПЕ-МПЕ, пренесува МИА.