Надежи дека 2018 година би можела да биде годината кога би се затворило прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за државната телевизија ERT.

Владиниот портпарол, како што пренесува МИА, рекол дека годинава „постои прозорец“ за можност за решение и ја повикал опозициската Нова демократија да се сети на внатрепартиските несогласувања во 1992 година, токму поради името и појаснил дека Панос Каменос, челник на помалиот националистички коалициски партнер во левичарската влада, нема да биде пречка за решение.

„Во текот на 2018 година, ако се земе предвид и позитивната позиција што ја следи политичкото раководство на ФИРОМ, постои, се отвора, еден прозорец за можност да се реши проблемот што е нерешен веќе 25 години и во нашата земја и во соседната земја. Моето мислење е дека треба да го искористиме овој прозорец за можност, треба да ги најдеме најсоодветните услови и најсоодветниот процес, за да тргнеме кон решение на проблемот“, рекол портпаролот на владата на Грција.

Во однос на позицијата на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос и неговиот став дека нема да прифати име со терминот Македонија, Димитрис Ѕанакопулос, објасни дека во владата соработуваат партии кои имаат различни политички ставови и различно политичко потекло, но оценил дека лидерот на Независни Грци, сепак нема да биде пречка за договор.

„ Каменос рече и нешто друго, дека штом постои вкупен консензус во политичкиот систем, тој самиот нема шанси да биде пречка во решавањето на прашањето, објасни Ѕанакопулос, додавајќи дека според неговите проценки, ќе има можност да се постигне колку е мошно поширок консензус во Грција, за да се искористи прозорецот за можност за решавање на проблемот со сложено име“, додал Ѕанакопулос

Во интервјуто ја коментирал на Нова демократија, која упорно бара од владата да излезе со заеднички став за името, при што рекол дека опозициската партија ја заборава нејзината приказна, заборава дека одигра огромна улога во 1992 година за прашањето да остане нерешено 25 години.

Портпаролот на грчката влада ја потсетил Нова демократија дека Константинос Мицотакис, како премиер, и Андонис Самарас, како министер за надворешни работи, како дел од истата еднопартиска влада, на состанокот на лидерите на политичките партии, настапиле со две различни позиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 22:52