Грција сака оваа година да го реши деценискиот спор за името со Македонија, изјави во четвртокот министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, што се оценува како потег којшто би можел да ја деблокира амбицијата на земјата за влез во Европската унија.

Атина ги блокира амбициите на Република Македонија да влезе во НАТО и се спротивставува на нејзината кандидатура за членство во Европската унија, бидејќи вели дека името Македонија имплицира територијална претензија врз грчкиот регион со исто име, пренсува агенцијата Reuters.

„Мислам дека 2018 година ќе биде година кога ќе бидат решени прашањата од надворешната политика кои со децении се заглавени во калта. Сите ние ќе придонесеме за благосостојбата на целиот Балкан“, изјави министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, пo состанокот на владиниот кабинет во премиерската палата во Атина“, изјавил Коѕијас.

Грција не ја поддржуваа натамошна интеграција на Македонија во меѓународни тела, вклучително и во НАТО, се додека не се согласи да го промени своето име. Атина само се согласи дека на земјата може да се реферира како Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), како привремена мерка додека не се реши спорот.

„За прашањето за името, владата преговара и поддржува сложено име што ќе биде за сеопфатна употреба“, рече Коцијас, без да даде други поединости.

Грчката влада поддржува и преговара за сложено име за сите употреби, она што Грција го презентираше како позиција во Букурешт и ние сме за тоа да има согласност од сите партии и политички сили на земјата, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по завршувањето на мини министерскиот состанок во премиерската палата во Атина, кој како што јавија грчките медиуми вонредно го закажа грчкиот премиер Алексис Ципрас за прашањето за името.

Коѕиас, исто така, рече дека верува оти оваа година ќе се решат прашањата во грчката надворешна политика.

Коалициониот партнер во грчката влада, Панос Каменос, изјави дека останува на позицијата дека сѐ уште е на сила одлуката од лидерската средба во Грција во 1992 година и оти смета дека преговорите треба да продолжат.

Рече дека има доверба во грчкиот министер за надворешни работи, но и дека преговорите ќе бидат тешки кога ќе дојде време, бидејќи како што истакна, „политичките сили ќе треба да го формулираат конечното национално решение“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2018 19:02