Првиот „тест“ натпревар пред Европското првенство во ракомет помина успешно за македонските репрезентативци откако во Белград со 37:21 ја совладаа репрезентацијата на Саудиска Арабија.
Македонија водеше од почетокот на натпреварот, кој што беше од затворен тип. Најефикасни во нашиот тим беа Филип Талески и Гоце Ојлески, кои постигнаа по пет погодоци.
Вториот натпревар нашите репрезентативци го играат утре против Србија од 18 часот.
Во Загреб на Европското првенство, Македонија е во група со Словенија, Германија и Црна Гора.