Ракометната репрезентација на Македонија и во вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство во Хрватска постигна победа.

Совладана беше Србија во Белград со 32:29. Во првата контрола вчера нашата селеција ја совлада и Саудиска Арабија.

За македонските ракометари следуваат два слободни дена за Божикните празници, а подготовките ќе продолжат во Скопје на 8 јануари (понеделник).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2018 21:41