Во недела во Истанбул, претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе присуствуваат на свеченото отворање на реконструираната црква „Свети Стефан“, позната како „Железна црква“, чија реставрација траеше седум години.
Борисов се заблагодари за турската финансиска помош за реставрацијата, истакнувајќи дека „Железната црква“ е ремек дело на Босфорот. Според Борисов, отворањето на црквата ќе биде дополнителен мост за нормализирање на односите помеѓу Турција и Бугарија.
Општина Истанбул донираше 13 од 16. милиони лири потребни за обнова на црквата.
Црквата „Свети Стефан“ е изградена во 19 век со трансформација на дрвена во железна црква. Таа е една од неколкуте цркви од леано железо во светот, што се уште постојат.
Идејата за црквата потекнува од британскиот изум за изработка на преносливи железни цркви наменети за британските колонии. Творецот на Ајфеловата кула, францускиот инженер Густав Ајфел, исто така дизајнирал и железни цркви, кои биле испратени на Филипините и во Перу.