Фудбалскиот сојуз на Англија го суспендира Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, на три натпревари поради непримерно однесување кон судиите.

Венгер го прифати обвинението на Сојузот дека неговото обраќање и однесување кон судиите било навредливо, па доби казна од три натпревари и е парично казнет со 40.000 фунти, односно малку повеќе од 45.000 евра.

Тренерот на „топчиите“ му беше лут на судијата Мајк Дин во неделата на 31-ви декември, во завршницата на натпреварот со Вест Бромич албион поради тоа што досуди пенал за домаќинот од откако Калум Чемберс одигра со рака.

Вест Бромич потоа изедначи на 1-1 и освои бод на негов терен. Поради тоа, Венгер нема да ја предводи екипата во претстојниот дуел со Нотингам форест во третото коло на ФА купот, а потоа во првиот полуфинален натпревар од Лига купот против Челзи и во првенствениот натпревар против Борнмут.

Венгер пред неколку дена го критикуваше и судењето во градското дерби со Челзи (2-2), во коешто „сините“ поведоа од сомнителен пенал при резултат 0-0.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2018 22:39