Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, рече дека е против протестите што треба на 21 јануари да се одржат во Солун за името Македонија.

-Јасно дека сум против и имам кажано одредени лоши зборови за протестите. Бидејќи овие протести не го изразуваат јавното мислење. Не може секој да пишти и да вика на плоштадите и по улиците. Во Скопје нема протести. Ние немаме малку мозок?, вели Бутарис.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2018 19:50