Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес го објави списокот на играчи за Европското првенство во Хрватска.

Шпанскиот стратег избра 19 ракометари со кои ќе се обиде да направи историја на 13-тото европско првенство.

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски и Златко Даскаловски

Бекови: Кирил Лазаров (капитен), Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски и Филип Кузмановски

Одбрана: Аце Јоновски и Велко Марковски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски иГоце Ојлески

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски.

Од финалниот список отпаднаа Мартин Томовски (голман) и Горан Крстевски (бек) кои не играа во победите на Македонија на пријателските мечеви против Саудиска Арабија и Србија во Белград.

Македонската делегација утре заминува за Загреб, а првиот натпревар ќе го игра во сабота против Словенија предводена од Веселин Вујовиќ.

Во групата Ц ќе се сретнеме и со Црна Гора (15-ти јануари), а на крајот го имаме и актуелниот шампион Германија (17-ти јануари).



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 01:37