Серијалот на настани помеѓу Room 313 и Coffee House, кои целат да понудат висока електронска култура, викендов кулминираат со гостување на двајца врвни артисти означени со едни од најзначајните македонски етикети за електронска музика, Desonanz Festival и BTKRSH.
Кога зборуваме за проблесоци на висока електронска култура, она што прво ни паѓа на памет е Desonanz Festival, BTKRSH и луѓето кои стојат позади нив.
Декември минатата година, се случи 9тиот Десонанц фестивал, кој понуди поглед на новите текови и остварувања од електронската сцена ставајќи го Скопје на мапата на светот на електронска музика.
Во финалната програма на фестивалот, љубителите на електронска култура имаа можност да ги чујат Damien Dubrovnik, Delta funktionen и Headless Horsemann, кои во моментов важат за едни од највозбудливите артисти на планетата.
BTKRSH е само едно едно чудно име зад кое има толку дефиниции, анаграми и акумулирани слоеви на значење што веќе оригиналното значење може и да е загубено, a тоа е сосема во ред!
Тоа е име зад кое се крие колектив од диџеи, продуценти, изведувачи и промотери, кои ги спојува и поврзува заедничката страст за врвната уметност и посветеноста кон совршенството.
Ставајќи ги во прв план уметничкиот интегритет, високиот квалитет и колективниот и поединечниот напредок, лесно се забележува дека во текот на изминатите неколку години BTKRSH стана жариште на нова електронска музика и мултимедијалната заедница во Скопје, во коja гордо се пушта, промовира и се издава нова музика, но и се организираат најдобрите забави во Скопје.
Култните BTKRSH забави ја имале честа да бидат домаќини на бројни афирмирани артисти. Внимателно и цврсто ги култивираат локалните таленти и градат препознатлив соничен идентитет, кој е бескомпромисно посветен на нивната визија за квалитет и интегритет.
Позади сите овие огрганизации, како директор на фестивалот и еден од основачите на BTKRSH колективот се запишува Андреј Анчевски, кој неуморно ја следи домашната и светската електронска сцена и има добиено на осет да препознава квалитет и висока слава на артисти уште при нивните почетоци.
Токму овoj лик е следен гостин на Mitrik во Coffee House, презентираќи го своето артистичко име Andreas Hz.
Andreas Hz музички се изразува со нејасни зборови на странски акцент од непознат јазик, страствено движејќиги звуците кон темнината.
Доста активна фигура во клупските кругови и круговите на електронски музики полни со филозофија и технологија.
Познат е по неговата богата текстура и карактеристично звучна палета на конструктивистички техно звук, индустриски бас музики и IDM видови со цел да остави софистицирано искуство на подиум.
Втор гостин на вечерта е Димитар Николов - Kronom. Kronom, започнува со продукција околу 2009та година и зад себе има креирано голем број нумери, од drum’n’bass и dubstep, techno, па се до ambient / drone. Како највлијателни за него се одвојуваат Aphex Twin, Boards of Canada, Noisia, Photek, Kryptic Minds, па затоа и неговиот стил се карактеризира со минималистични и мрачни звуци, каде често експериментира со фузија на повеќе жанрови, заобиколувајќи ги сите нивни граници и доаѓа до фасцинантни резултати.
Ваквата посветеност и упорност доведе до огромна поддршка од Noisia, Amoss, Enei, Pessimist, Drew McDowall, како и издадени песни на Proximity Recordings, Modular Carnage Recordings и BOEY Audio.
Се чувствува како Прилеп со апетитет ја прима високата електронска култура, која Room 313 ја нуди.
Организатор на настанот, промотер и домаќин ДЈ е Митрик.
За звукот, светлата, визуелизациите и дим ефектите задолжени се Cavleski Logistik.
Дизајнот на постерот е на Илија Димкоски.
Журката ќе започне во 22часот, во Coffee House. Влезот е 100 денари.
Линк до настанот
Линкови од корист:
Десонанц фестивал