Официјална Приштина го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во македонското Собрание. Претседателот на Косово, Хашим Тачи истакна дека тоа е високо демократско постигнување за Македонија, која меѓу првите ја призна независноста на Косово.
– Унапредувањето на политичките права на Албанците во Македонија гарантира многу поголемо граѓанско и етничко единство во соседната Република. Им честитаме на албанските граѓани за ова политичко, административно и културно постигнување, напиша Тачи на својот Фејсбук профил.
Тој додава дека усвојувањето на законот е значаен чекор од Охридскиот договор кој уште повеќе ги зајакнува соживотот и европската перспектива на Македонија.
Преку Фејсбук се огласи и претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели кој му честиташе на македонското Собрание и на, како што напиша, сите негови сонародници на изгласувањето на законот за албански јазик.
Според Весели ова е многу значаен чекор во исполнувањето на легитимните права на албанскиот народ во Македонија.
– Изгласувањето на овој закон претставува големо постигнување во целосната реализација на обрските од Охрдскот договор и од стадрадите барани во рамки на европската интеграција, напиша Весели на Фејсбук.