Европската ракометна федерација односно нејзиниот медиумски канал, направи интересен избор, на најатрактивни ТОП 3 потези од претходното Европско првенство, какко вовед во новиот шампионат во Хрватска.
Во изборот на ЕХФ-ТВ, најатрактивниот „цепелин“ е оној на македонската репрезентација, односно акцијата меѓу капитенот Кирил Лазаров и Дејан Манасков во дуелот против светскиот шампион Франција.
Голот на Лазаров е на првото место, а по него следуваат головите на Андреас Егерт од Данска, и француската ѕвезда Никола Карабатиќ.