Ракометната федерација на Македонија (РФМ), односно претседателот Живко Мукаетов ветил премија од 100.000 евра за ракометарите, доколку успеат да стигнат до полуфиналето на Европскиот шампионат во Хрватска.

Ова е најголемата премија која досега е во „игра“ за една наша селекција.

Воедно, првиот човек на РФМ, Мукаетов ги одреди и премиите за пласман во фаза на ЕП, а таа ќе изнесува 30.000 евра, односно доколку црвено-жолтите завршат на петото или шестото место тогаш премијата ќе изнесува 60.000 евра.

Ова секако е одличен стимул за нашите ракометари што подобро да се презентираат на Европското првенство, иако овие премии се далеку од она што германските репрезентативци би го заработиле за евентуален златен медал на турнирот, односно сума од 250.000 евра.

Македонија утре го игра првиот натпревар на ЕП против Словенија во рамки на групата Ц со почеток во 19.30 часот во Загреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2018 02:06