Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес не го криеше задоволството од победата против Словенија, но во свој стил се обиде да ја смири еуфоријата која ја зафати Македонија.
– Ова е многу важна победа, сега имаме два бода и треба да играме против Црна Гора. Не сакам да гледам подалеку, одиме чекор по чекор. Презадоволен сум од играчите, тие ја победија третата репрезентација во светот, тоа не е мала работа – изјави македонскиот селектор.