Македонската ракометна репрезентација вечерва одржува полесен тренинг во „Домот на спортовите“ во Загреб, пред утрешниот дуел на ЕП против Црна Гора.
Македонија вчера во 1.коло на шампионатот ја победи Словенија со 25:24 и со умерен оптимизам, но без еуфорија го чека дуелот со Црногорците.
Капитенот Кирил Лазаров во неколку наврати апелира „да се остане цврсто на земја“ и во никој случај да не се потцени противникот кој на стартот на ЕП загуби убедливо од Германија.
Евентуална победа за избраниците на селекторот Раул Гонзалес ќе значи сигурен пласман во следната фаза и пренесување најмалку два бода.