Премиерот на Албанија, Еди Рама, го оцени усвојувањето на законот за употреба на јазиците во Република Македонија како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија, објави „ТВ 21“.

-Пред неколку дена, во Македонското собрание помина законот кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас ви велам дека сите вие треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие што гласаа, ја поддржаа и веруваа во оваа партија, бидејќи без неа денеска немаше да постои официјален албански јазик во Македонија, изјави албанскиот премиер Еди Рама.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2018 20:13