Ракометарите на Македонија со победа го почнаа учеството на Европскиот шампионат во Хрватска. Со нов триумф против Црна Гора вечерва нашите ракометарите ќе го обезбедат пласманот во следната фаза.

– Црна Гора на отворањето не одигра добро, тие можат и знаат да играат подобро. Неиграњето на Борозан е проблем за нашиот денешен противник, во чии редови има и други добри бекови. Клучно е да се запрат нивните бекови, тука мислам на Липовина. Воедно не смееме да им дозволиме да имаат серија голови. Ова е многу важен натпревар, бидејќи имаме квалитетен и незгоден противник. Ние веќе ја заборавивме Словенија, а мислиме само на Црна Гора, изјави Георгиевски.

Проблем за нашата репрезентација може да претставува повредата на Филип Миркуловски чиј настап е неизвесен. Последниот збор ќе го има лекарскиот тим заедно со стручниот штаб.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2018 23:54