Вистинска драма досега невидена на меч од Европско првенство се случуваше вечерва на натпреварот меѓу Германија и Словенија во рамки на групата каде се наоѓа и Македонија.

Имено, при резултат од 24:23 за Словенија, Германците погодија за нерешен резултат на само неколку секунди пред крајот. Веднаш по погодокот на Германците, Словенците изведоа брз центар и погодија за 25:24, буквално со гол во псоледните секунди. После ова истече времето.

Сепак, наместо крај на мечот, тоа всушност беше старт на една драма. Германците негодуваа кај судиите, сметајќи дека словенечкиот пикер Благотиншек неправилно го започнал нападот на Словенија од центарот на теренот.

По неколкуминутно прегледување на снимката, судиите донесоа скандалозна одлука. Благотиншек доби црвен картон, а Германците добија пенал кој го реализираше Рајхман за 25:25.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 00:38