Раул Гонзалез, селекторот на македонската ракометна репрезентација, по триумфот над Црна Гора на ракометното Европско првенство изјави дека му е важно тимот кога е трпелив, а потенцира дека посебно задоволство кај него будат четирите бода,
– Јас сум задоволен од победите по првите два натпревари. Имаме четири бода. Не започнавме добро, но во продолжение функционираа и нападот и одбраната. Имавме трпение и на крајот стигнавме до победата – изјави „Ел комаданте“.