Многу полемики предизвика одлуката на судиите да досудат пенал за Германија на крајот од дуелот со Словенија одигран вчеравечер во Загреб по кои Германците се спасија од пораз.

Сепак, видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи јасно покажуваат дека судиите биле во право и ги почитувале новите правила според кои му доделија црвен картон на Благотиншек.

Словенечкиот ракометар непромислено се обиде да го блокира ударот од центар на противникот, при тоа беше влезен во кругот и со тоа и ја „одзема“ победата на својата репрезентација.

Имено, според новите правила, доколку во последните 30 секунди се спречи брз центар се доделува црвен картон и се досудува пенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 18:54