Македонската ракометна федерација (РФМ) доби казна од Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради опремата на играчите.

Од македонските играчи „под лупа“ биле: Дејан Манасков, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Кирил Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски и Филип Лазаров.

„Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија“, информираат од РФМ.

Македонија по првите две средби на ЕП во Хрватска има две победи и обезбеден пласман во вториот круг.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 23:13