Командантот на косовската полиција за регионот Север, Бесим Хоти денеска изјави дека е рано и дека полицијата нема информации за можниот сторител на убиството на Оливер Ивановиќ, но дека интензивно се работи на случајот.
Хоти истакна дека постојат некои докази, но дека тие не се за јавност, туку ќе им служат на полицијата и обвинителството во натамошниот тек од истрагата.
– Тоа што го кажавме прелиминарно, тоа останува засега. Најважно за граѓаните е дека ние немаме информации за можниот сторител на овој случај, но работиме интензивно на тоа, рече Хоти.