Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е презадоволен од почетните две победи на ЕП.

- Имаме старт од соништата на едно првенство. Победени се квалитетни ривали Словенија и Црна Гора. Особено е добро што ги решивме во последните минути, а со тоа покажавме дека имаме самодоверба. Кога победуваш вакви дуели и заморот исчезнува и присутни се позитивни мисли. Цврсто стоиме на земја. Германија е квалитетна, но дуелот нивни со Словенија покажа дека може квалитетно да се носиме.Задоволен сум што ростерот се зголемува, добиваме нови играчи на кои ривалот треба посебно да внимава сега и затоа им е потешко, потенцира Лазаров.

Македонија со 4 бода е лидер во Ц-групата и утре од 18:15 часот со Германија ќе се бори за првото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 23:46